Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел зборуваше ги искажа своите очекувања во пресрет на натпреварот со Галатасарај од Лигата на шампионите.
-Очекуваме да победиме во многу тежок натпревар. Овој турнир ќе го поминеме чекор по чекор. Секогаш ви треба малку среќа. Галатасарај нема пораз долго време и ние сме тука да се обидеме да ја прекинеме оваа серија, изјави Тухел.
Почетокот на натпреварот во Истанбул е закажа за 18:45 часот.
По првите две кола во А-групата од елитното фудбалско натпреварување, Баерн Минхен е прв со шест бода, Галатасарај има четири, Копенхаген е трет со еден, последен е Манчестер јунајтед без ниту еден освоен бод.