Уапсен е мажот којшто им се закануваше на малолетнички дека ќе ги силува

8

Мажот којшто им се закануваше на малолетнички дека ќе ги силува е приведен. Имено, станува збор за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, а во моментот кога комуницирал со девојчињата престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе.

– По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А. (63) во с. Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што му е одземен мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство, велат од МВР за порталот А1он.

Вчера на Фејсбук страницата Стоп педофилија беа објавени фотографии од вознемирувачката комуникација меѓу педофилот и 15-годишното девојче. Поточно кажано, тој во повеќе наврати ѝ пишувал пораки со недолична содржина, но не добил одговор од нејзина страна. Секако, ова дополнително го исфрустрирало и почнал да ѝ се заканува дека принудно ќе ја наведе на сексуален акт.

– Срце многу си била тврдоглава, немој така, опушти се со мене, ќе играме, ќе стенкаш, важи срце, се само дел од вулгарностите коишто педофилот му ги напишал на девојчето.