Седум лица се убиени, десетици се ранети во престрелка што се случила во Младеновац во близина на Белград, јави Радио телевизија Србија.
РТС јавува дека пукањето се случило во селото Дубоња кај Младеновац и дека е во тек потера по напаѓачот.
Според извештаите, на местото на настанот биле испратени екипи за итна помош и силни полициски сили.
Јуроњуз Србија објави дека полицијата и итната помош се на терен и дека има неколку повредени од огнено оружје, а за некои од нив е во тек е реанимација.
Српската агенција БЕТА пренесува дека во Младеновац се ранети седум лица, а на местото на инцидентот имало и припадници на полицијата.
Агенцијата наведува дека е распишана потерница по напаѓачот, кој откако ги испукал истрелите побегнал со „мерцедес“.