Угледниот „Економист“: Македонија не се помести од хибридниот режим

15

Македонија се најде на 78-мото место и во групата на хибриден режим во најновиот извештај на угледниот „Економист“ за индексот на демократија во светот за 2020 година.

Земјава е во група со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија…

Според податоците од „Економист“ од 2016 година до 2020 Македонија бележи пад во оцената според индексот на демократија во однос на претходните години кога бодувањето било над 6.

Пред неколку дена „Транспаренси Интернешнл“ ја смести Македонија на 111. место според индексот на корупција, каде е во друштво со Монголија, Панама и БиХ. Ова е најлошиот резултат за Македонија откако се мери корупцијата во земјава.

„Економист“ ја стави Бугарија во групата на „дефектни демократии“. Состојбата во Бугарија продолжува да се влошува и веќе се пресели во долната половина од категоријата „дефектни демократии“. Причината е главно загриженоста за независноста на судството и слободата на медиумите, како што е наведено во септемврискиот извештај за владеење на правото од страна на Европската комисија.