Угостителите пропаѓаат: Се прикучија кон барањето за смена на директорот на Агенцијата за промоција на турзмот

21

Угостителскта индустрија трпи големи штети во ковид кризата, а Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот не направи ништо. Со ова тврдење и Независната угостителска комора (НУК) се приклучи кон барањето за смена на директорот на Агенцијата и за избор на нов директор на предлог на реалниот сектор.

Во изминатите месеци оваа година во период и во услови кога сме соочени со здравствена криза – пандемија Ковид 19 со која угостителската индустрија трпи енормни штети и последици, од страна на Агенцијата не се преземени никакви конкретни активности и мерки за угостителите особено за учество и посредување во комуникацијата со угостителите и со Владата и Комисијата за заразни болести со кои би можеле навреме да укажеме за многу недоследности во донесените мерки и протоколи за работа на угостителските објекти, велат од НУК.

Предлагаат да промена името на институцијата во Агенција за поддршка и промоција на туризмот и угостителството со што во иднина и угостителскиот сектор ќе биде рамноправно вклучен во активностите за промоција и поддршка на национално ниво.

Забележуваат и дека во ниту една од рекламните кампањи што Агенцијата ги има направено,не се вклучени угостителите и угостителската индустрија.

Поддршка за ова нивно барање очекуваат од претседателот на државата и премиерот, како и брза реакција на Владата за реализација на овие нивни барања.

Иницијативата за оставка на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот потекна од Здружението на угостителството и туризмот при СКМ, Туристичко-угостителската комора на Македонија и Националната асоцијација за дојдовен туризам – НАИТМ.