УКИМ ги одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј

4

Од денеска до 23 мај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира свечености по повод 75-годишнината од основањето.

Претпладнево, во 11 часот, во Ректоратот ќе бидат доделени наградите на надјобрите дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година и наградата „26 јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2022/2023 година.

За утре вечер е предвидена Свечена академија во Македонската филхармонија на која ќе се обратат ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова и претседателот на Универзитетското студентско собрание, Александар Николовски, а ќе биде прикажан и филмот „УКИМ – 75 години академска извонредност“, по што следува уметничкиот дел од програмата.

На 22-ри и 23 мај ќе се одржат тркалезни маси во Ректоратот. На 23 мај ќе биде положено и цвеќе на споменикот на Кирил и Методиј по повод Денот на светите Кирил и Методиј – патрониот ден на Универзитетот, 24 Мај.