Украина: Русите ја зазедоа нуклеарната електрана

1

Украинската новинска агенција Укринформ објави дека областа на нуклеарната централа Запорожје е окупирана од руската армија, повикувајќи се на соопштението на Државниот инспекторат за нуклеарно регулирање на Украина.

Информацијата на социјалните мрежи ја сподели и украинскиот парламент.

Синоќа избувна пожар во најголемата нуклеарна централа во Европа „Запорожје“.

Пожарот избувна во реонот на украинската нуклеарна централа како што соопштија украинските власти, по руско гранатирање. Во близина на нуклеарната централа вечерта се воделе борби меѓу руските и украинските сили. Пожарот избувнал во управната зграда и бил локализиран во текот на ноќта.