Украина ќе прогласи вонредна состојба

4

Украинскиот Совет за безбедност денеска ги одобри плановите за прогласување национална вонредна состојба, како одговор на зголемената закана од руска инвазија.

– Мерката, која мора формално да биде одобрена од Парламентот, бара засилени проверки на документи и возила, меѓу другите мерки, изјави секретарот на Советот, Олексеј Данилов.

Данилов истакна дека ќе достави извештај до украинскиот Парламент во текот на денот, а се очекува и пратениците да ги одобрат тие безбедносни мерки оваа недела.

Мерките ќе важат за сите делови на Украина, освен за нејзините два источни сепаратистички региони Доњецк и Луганск, поддржани од Русија.