Украинскиот лидер вети притисок за победа на годишнината од војната

6

Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј ја одбележа првата годишнина од   војната на Русија во Украина со порака за непокор до својот народ, нагласувајќи: „Ќе ги победиме сите“.

Во видеото кое кружи во медиумите и насловено „годината на на непобедливоста“, во кое 45-годишниот шеф на државата им се обраќа на Украинците.

„Пред една година на денешен ден, од ова исто место, околу седум часот наутро, ви се обратив со куса изјава која траеше само 67 секунди“, рече тој во својот 15-минутен говор.

„…Ние сме силни. Подготвени сме на се. Ќе ги победиме сите. Вака започна се на 24 февруари 2022 година. Најдолгиот ден во нашите животи. Најтешкиот ден во нашата понова историја. Се разбудивме рано и оттогаш не спиеме“.

Зеленски, кој беше клучен во собирањето финансиска и воена помош од целиот свет за одржување на одбраната на Украина пред многу поголема армија, го пофали својот народ.

„Станавме една голема армија“, рече тој. „Станавме тим каде што некој наоѓа, некој пакува, некој носи, но секој придонесува“.

Тој ја опиша 2022 година како година на издржливост, храброст и болка и единство.

„Главниот заклучок од него е дека преживеавме. Не бевме поразени. И ќе направиме се за да победиме оваа година!“