Украинскиот министер за одбрана: „Остануваме сигурни и смирени“

15

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников денеска изјави дека „остануваме самоуверени и смирени”, по потегот на Русија да нареди војници во два сепаратистички промосковски региони во источна Украина.

Во твит Резников додаде дека со признавањето на двата региони како независни, „Кремљ ја призна сопствената агресија врз Украина”.

„Ние сме подготвени и способни да се браниме себеси и нашиот суверенитет”, додаде тој.