Украински сили: Се одбранивме од руските напади на исток, пет лица загинаа во гранатирање во последните 24 часа

0

Украинските сили денеска објавија дека ги одбиле руските напади на истокот на земјата и повторно зазеле делови од територијата, како и дека во гранатирањето на неколку источни градови во изминатите 24 часа загинале пет лица, а најмалку 25 се ранети.

Според АП, украинската страна објавила и дека Москва се обидува да ја спречи испораката на оружје од западните земји во Украина со бомбардирање на железнички станици и други цели.

Тешки борби се водеа и во близина на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, која е последното упориште на украинскиот отпор во уништениот пристанишен град, соопшти украинската армија.

Руските власти го негираа нападот врз фабриката, но командантот на украинските единици рече дека руски војници влегле во просториите на фабриката.

„Со поддршка на воздухопловните сили, непријателот ја продолжи офанзивата со цел да ја преземе контролата врз централата“, соопшти Генералштабот во Киев, додавајќи дека Русите „се обидуваат да ги уништат украинските единици“.

Западно од Мариупол, украинските сили напредуваа на границата на јужните региони Керсон и Николаев, каде што руските војници наводно се обиделе да започнат контраофанзива.

Украинската армија објави и дека одбила 11 руски напади во областите на Доњецк и Луганск, пренесува „Денес”.