Украинско Министерство за одбрана: Руската војска веќе е во Киев

4

Украинското Министерство за одбрана потврди дека руска диверзантско-разузнавачка група се наоѓа во областа Оболон во Киев.

Граѓаните се предупредени да не излегуваат од домовите.

Министерството побарало од граѓаните да направат молотови коктели за да го „разоружаат“ непријателот, пишува Би-би-си.

Дописникот на медиумите јавува дека слушнал „постојани експлозии“ во северниот дел на градот во областа Оболон.

На социјалните мрежи е објавено пукање околу метро станицата Оболон.

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Ана Маљар, на Фејсбук објави дека руска разузнавачка и диверзантска група се обидела да упадне во центарот на градот, преправена како украинска војска, но била спречена и нејзините членови биле убиени.

Украинските сили го кренаа во воздух мостот што би можел да го користат Русите за да напредуваат кон главниот град.