Украинско МНР: Ако војната продолжи, катастрофата во Чернобил може да се повтори 35 години подоцна

2

Руската војска ја презеде контролата врз поранешната нуклеарна централа во Чернобил. Ова прв за Ројтерс го потврдил советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.

„Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по целосно бесмислен руски напад“, рече Подољак, пренесе Ројтерс.

„Ова е една од најсериозните закани во Европа денес”.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред руската окупација на Чернобил изјави дека „бранителите ги даваат своите животи за да се спречи трагедијата од 1986 година. Ова е објава на војна на цела Европа“, напиша Зеленски на Твитер.

И Министерството за надворешни работи на Украина на Твитер предупреди дека рускиот напад врз Украина „може да предизвика уште една еколошка катастрофа“.

„Во 1986 година светот беше сведок на најголемата технолошка катастрофа во Чернобил. „Доколку Русија ја продолжи војната, Чернобил може да се повтори во 2022 година“, напиша Министерството.