Улица во Србија ќе го носи името на Тоше Проески

9

Една улица во селото Јабука во општина Панчево, Србија, ќе го носи името на Тоше Проески. Предлогот улицата да го носи името на Тоше е упатен до собранието на градот Панчево, и наскоро би требало да биде усвоен.

Тоа што улицата Тоше Проески ќе се наоѓа токму во селото Јабука не е случајност. Во ова село живеат голем број Македонци, кои на посебен начин сакаат да му се оддолжат на својот славен сонародник, пишува порталот 013 инфо.