УНИЦЕФ Србија реагираше на пораките на Дуа Липа: „Таа не е наш амбасадор и не ги поддржуваме нејзините ставови“ (ФОТО)

18

24-годишната пејачка Дуа Липа негодуваше затоа што Епл во својата апликација Епл мапс покажува дека Косово е составен дел од Србија.

Таа објави и фотографија од „голема Албанија“, што предизвика бура во регионот. Британската пејачка со албанско потекло се претставува како амбасадорка на УНИЦЕФ, а на официјалниот инстаграм профил на српскиот УНИЦЕФ, организацијата се огласи по повод постовите на пејачката.

Од УНИЦЕФ Србија истакнаа дека Дуа не е нивна амбасадорка и дека „тие не ги поддржуваат ставовите кои таа ги изнесува“.

„Драги пријатели, ви благодариме што укажавте на постот на пејачката Дуа Липа. Сакаме да ве известиме дека Дуа Липа не е УНИЦЕФ амбасадор и нејзините изјави не се изјави во име на УНИЦЕФ. Како и многу други, таа ја поддржа нашата работа за децата, на што сме благодарни. Ставовите кои ги изнесува се нејзини, а УНИЦЕФ не ги поддржува“, се наведува во соопштението.

Меѓутоа, главната страница на УНИЦЕФ, која на Инстаграм има 6 милиони следачи, а на Твитер 8,3 милиони, до сега нема реакција на постовите на Дуа Липа.