Уставен: Собранието има надлежност да одлучува кој ќе биде амнестиран за 27 април

5

Уставниот суд на денешната седница ја разгледува иницијативата поднесена од екс директорот на БЈБ Митко Чавков за утврдување на уставноста на Законот за амнестија за настаните од 27 април.

Со оваа иницијатива Чавков тврди дека селективната амнестија ги крши основните човекови права и еднаквоста пред Уставот.

Уставниот судија Владимир Стојановски е дециден дека според Уставот, амнестијата е во исклучива надлежност на Собранието.

“Уставниот суд не може да биде на местото на Собранието и да одлучува кој ќе биде амнестиран” рече судијата Стојановски.

Со ваквиот став се согласни и уставните судии Јован Јосифовски и Осман Кадриу.

Расправата на Уставниот суд е во тек, а конечната одлука ќе биде позната попладне по завршување на седницата.