Утре почнува вакцинирањето против ковид во Србија

24

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека вакцинирањето со вакцината на Фајзер против коронавирус ќе започне утре, нагласувајќи дека во земјата набрзо ќе има и други пратки на вакцини.

“Овие вакцини ги набавивме билатерално, независно. Ние сме веројатно единствената земја надвор од ЕУ во овој дел на Европа што успеа да ги набави. Ќе има повеќе во февруари и март. Примероци од вакцини од други производители веќе се испратени на истражување”, додал Вучиќ.

Српскиот претседател нагласил дека е мошне важно процесот да започне колку што е можно побрзо за да се заштата што поголем број луѓе.