Утре пристигнуваат вакцините од Србија

32

Утре во 14:00 часот на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини.

Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ посочи дека Србија ќе и отстапи 8.000 вакцини на Македонија.

„Станува збор за „фајзеровата” вакцина, која заедно со „Модерна”, е единствената која ги има сите потребни сертификати од најголемите регулатори, европската ЕМА и американската ФДА. Сите вакцини што сега се достапни на пазарот се развиени на безбедна платформа и веќе се аплицираат во некои земји.“, рече Филипче.