Утрово повторно протест на пазарџии на ул. Кирил и Методиј

6

Изутринава на ул.„Кирил и Методиј“ пред Дирекцијата на „ Макпетрол“, околу 50 граѓани кои работат на тезги на ПЦ „Зелен Пазар“ го блокираат сообраќајот со барање за намалување на цените за паркинг простор во Општина Центар.

Пазарџиите, меѓу другото, реагираат дека скапиот паркинг ќе им го намали и онака слабиот промет од потрошувачите.