УХМР: Зголемен водостојот на Радика, Сатеска и Пена, бидете внимателни

9

 

Од УХМР известуваат дека како резултат на врнежите изминатата ноќ, поголеми зголемувања на водостојот има на водотеците во западниот дел на земјата, односно на р. Радика, р. Сатеска, р. Голема и р. Пена, кои и денеска се очекува да бидат високи, особено на р.Радика заедно со нејзините притоки во сливот.

Поради најавените можни локални поројни врнежи во источните делови, можно е на места зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во тој регион.

Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во крајните западни и во делови од источните делови (каде се најавени можни локални поројни врнежи) на земјата во текот на денешниот ден.