Уште двајца млади кавадарчани позитивни на КОВИД-19

9

Уште двајца млади кавадарчани се позитивни на КОВИД-19, потврди утрово за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиол при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Јовановски појасни дека станува збор за мажи на возраст од 26 и 34 години, кои веќе биле во изолација како посочени контакти на претходно евидентирани лица позитивни на коронавирус.

Двајцата новозаболени имале лесна клиничка слика и биле на домашно лекување. Се работи на утврдување на нивните контакти, со цел нивна изолација.