Уште 101 лице во изолација, а 89 не ја почитувале забраната за движење

Во изминатото деноноќие 40 лица потпишале изјава за самоизолација. На 101 лице им се издадени решенија за изолација, а 40 лица потпишале изјава за самоизолација во изминатото деноноќие, според статистиките на МВР.

11

Како што соопшти Министерството, полициски службеници извршиле контроли над повеќе лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице што било во изолација не е затекнато во својот дом.

„Во изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 89 лица не ја почитувале забраната за движење, од нив осум се малолетници. Приведени се 38 лица, а за другите се изготвени записници“, се вели во соопштението.