ФАЛА БРАЌА БУГАРИ, ‘‘ШТА БИ МИ БЕЗ ВАС‘‘!

176

Od Agim Jonuz

Браќа бугари! Фала ви од се срце што ни фрливте топка да си играме фудбал ‘‘
на мали голчиња‘‘ наместо да се секираме дали имаме леб да јадеме. Зашто ако почнеме да се секираме дали имаме леб да јадеме, ќе видиме дека не само леб, него ни фали и јогурт, па и сирење. Кашкавалот нема да го дискутираме, тој е за високата калимера. Таа може да плати, па да си клати. Да не бевте вие да не дупите у мозак, ќе требаше да се сконцентрираме на сериозни работи како што се државата внатре, како што е редот, поредокот и стомакот на оној што насабајле станува, има две деца, жена и два кредита, а нема идеја како да го помине денот барем со еден оброк како што му доликува на еден семеен човек. Фала ви што не дефокусиравте од бедата, сиромаштијата, криминалот, од суштината на постоењето на една држава која подразбира грижа за оној на улица кој оди накај дома, а треба да објасни зошто не влегол во самопослуга попат. И, да не се лигавам многу, само ‘‘фала‘‘ и ај сеа сиктер! И немој многу да се праите фраери, оти ако го извадам тефтерот јас лично, таму пишува дека таму осумдесетите и девеесетите години со најобичен џепарлак у сред Софија сум ви шетал како Султан Сулејман. За тоа што се случуваше ноќе, срам ми е да зборам. Сеа ми се курчите! Некои работи заборавате. Хајт! Немој да ви дадат русите на вас топка да играте па да видите дали е ‘‘корнер или пенал‘‘.
Колку и да звучи шеретски претходниот пасус и уводот во колумната, тука се крие една голема вистина. Таа вистина се вика ‘‘дефокус‘‘ од реални проблеми со кои се соочува една држава која нема решенија за својата функционалност. Држава која нема решенија за својата функционалност има сериозен проблем со политичарите, а не со народот. Зошто, политичарите се тие кои се платени за да таа функционира. Арно ама, оние кои сериозно се разбираат во политика, многу добро знаејки колкава курва е таа, многу е лесно да манипулираат со една комбинаторика која се вика ‘‘ медиум – фразеологија – политика – дефокус‘‘! Македонија веќе подолг период, да не кажам од осамостојувањето се занимава со само една задача. Таа задача се вика, ‘‘ како на народот да му представиме слика дека сме способни, дека нешто работиме, и дека му градиме некаква иднина‘‘! Низ периодот на осамостојувањето до денеска, Македонија најмалку се занимава со тоа како да се изгради социјална, здрава, права и функционална држава по моделот на современиот свет кон кој стремиме. Македонија беше гладна осамостоена, гладна цело време и сеуште е гладна држава. Апсолутно ништо не е сменето триесет години, освен што по рамковниот договор внатре државно албанците не се на иста позиција како на почетокот. За тоа ке зборуваме понатаму во колумната. Ако некој не признае дека ова е гола вистина, има сериозен проблем со својата перцепција кон државава. Се останато се приказни кои ги дигестираме цело време. Не Европа, не НАТО, не ‘‘на вујна му гаките‘‘, не ‘‘ние сме на одличен пат‘‘! Е, тој одличен пат ја донесе државата до ниво на апсолутна распаднатост во смисла на дисфункција на сите нивоа кои нешто во државата значат. Пасусот ке го затворам со директно прашање до читателите на колумната, а тоа е просто. Што и кое ниво функционира!? Дали воопшто нешто функционира!? Секако, освен ‘‘ спин-от‘‘ и шарените политички лаги. Повелете. Наградата е ‘‘од трите подугачкото‘‘. Може и не е некоја награда, ама имате избор,.. да бирате ‘‘од трите‘‘!
Деновиве е актуелно случувањето во ДУИ и барањето на една група внатре во партијата да се воведе ред и да се знае ‘‘која чорапа на која иде‘‘. Ако се земе во предвид дека заслугите на Али Ахмети се познати и дека навистина би било срамотаи греота да се критикува за својот ангажман гледано со диоптер на албански
граѓанин, да го ставиме веднаш на страна и да речеме ‘‘Фала Али‘‘. Арно ама, сето тоа
Али не можеше секако да го постигне сам. Има плејада политичари кои стоејки зад
него ви соте ситуации доведоа до ситуација тој своите идеи и цели да ги доведе до
ова ниво. А, тоа ниво вели дека денес албанскиот политички фактор е дури и клучен
во донесувањето државни одлуки и поставување правци. На сите можни нивоа во
државата албанците се апсолутно рамноправен фактор во практикувањето на
политиката. Дури, понекогаш во дадена ситуација се и клучен фактор. Во ред. Ајде
сега да направиме една ретроспектива како дојде до сево ова. Самото име на
партијата ДУИ значи Демократска Унија за Интеграција. Ок! Јас јавно прашувам, ‘‘ па
по интегрирани од ова веќе нема, или има‘‘? Сакам да кажам, дека една ера е
затворена на политичкото поле. Откако албанците по сите случувања нај
рамноправно дејствуваат на сите можни политички полиња, навлезени се во сите
можни пори на општеството, крајно време е да се сврти плочата и да се постави нов
правец. Тој правец се вика општествена грижа за својот народ. За тоа ‘‘ што е ‘‘свој
народ‘‘ можеме да дискутираме многу долго, ако се земе во предвид дека во една
држава грижата за народот не вели ‘‘ свој ‘‘ , туку сите сме ‘‘свои‘‘, тогаш многу е
дискутабилно дали само за ДУИ треба да разговараме или пошироко. Ке ја земеме
големата слика за албанските партии во Македонија. Политиката на албанците во
Македонија од самиот почеток беше ‘‘ каузална‘‘. Се бараа права и рамноправно
место под политичкото сонце во Македонија. Ок! Со оглед на бројноста на албанците
во Македонија јас многу пати сум рекол дека не се потребни повеќе од две албански
партии. Арно ама, се изродија повеќе. Прашувам зошто, ако се земе во предвид дека
целта е иста. Одговорот е едноставен. ‘‘Tutti albanesi – tutti comandanti” е одговорот.
Секој еден што фатил пушка за време на 2001-ва сметаше дека е најзаслужен,
најпаметен, дека без него не би се вртела планетата околу сонцето. Пеки. После тоа
се изродија малку ‘‘ пописмени‘‘ сурати кои знеја да се представат како некој што
најдобро му мисли на албанскиот народ во Македонија, а од друга страна се доволно
курнази за да знаат како да играат ‘‘ со македонците‘‘. И тоа ‘‘пеки‘‘! Во меѓувреме се
создаде една страшна рошомонијада во која имаше и писмени и неписмени, и
паметни и ајвани, и команданти и визионери за албанската кауза. Имаше се, освен
сплотеност во политичкото делување. Прашањето е како е можно да се има иста цел
и визија за албанскиот дел од населението во Македонија а да има повеќе партии од
потребното. Одговорот е едноставен. Секој сакаше да биде ‘‘ главниот фраер‘‘. Не
може така. Само еден фраер е ‘‘главен фраер‘‘. Вториот дел од приказната е уште по
едноставен. Сите видоа дека да се учествува во политиката е профит. Со тоа е се
кажано! А каузата!? Таа не бега! Таа е тука! Арно ама! Диригентот на каузата беше и
остана Али Ахмети. Не го фалам туку констатирам дека е единствениот политичар од
албанска страна кој исполни се што вети! Дали тој им е виновен на останатите што
тие не успеваат во тоа. Не! Е, сега, кога ке ја анализираме ситуацијата во ДУИ,
доаѓаме до прост заклучок. Кој ке биде ‘‘Али после Али‘‘? Никој! Артан Груби!? Артан,
чекај на ред. Има ‘‘многу команданти‘‘ пред тебе. Од како ‘‘каузата‘‘ веќе почна да
губи на политички интензитет, албанскиот политички фактор нема никаква друга
иднина освен да се стопи во едно тело кое ќе ја претставува албанската политичка
структура. Евентуално две, едно кое како опозиционо политичко тело ке биде
рамнотежа. Каузата ‘‘ не бега‘‘. Она што за жал исто нема да избега е филозофијата
на ‘‘ тути албанези – тути команданти‘‘! До кога и каде вака, само со господ напред
времето ке каже. Допрва ке гледаме циркуси во кои главна тема ќе биде прашањето‘‘ а зошто јас не сум главниот фраер‘‘!?
Да му се вратиме на уводот на колумната. Додека македонците се бават со себе си и својата кауза, албанците со себе си и својата кауза, државата како кауза отиде у три пичке материне па и подалеку. Единствениот начин да се оправда постоењето на политичката сцена е да се фати за нешто што е сериозно. Да! Секоја држава се бави со сериозни прашања, ама има три оброка дневно. Тие треба да се обезбедат. Тие три оброка треба да ги обезбедат тие исти политичари кои како петли секој качен врз својот ќумез пеат се освен тоа што треба. Затоа, треба јавно да им се заблагодариме на бугарите што се зачепкаа да разговараме за нешта кои не се врзани за тие три оброка дневно, па да се фрли цел фокус врз тоа дали сме бугари или не. Тоа што сме гладни, жедни, јадни, никакви, тоа ‘‘еби му мајката‘‘! Е па, браќа бугари, алал да вие што се зар‘чнавте во право време. Што би праеле ние без вас. Би требале да се бавиме со реална политика. Политика која прави здрава држава. Здрава држава со вакви ајвани не се прави. Од друга страна, евроинтеграциите се резервна тема веќе колку години. А дури и врапчињата на гранка знаат дека од нас Европа не бидува. На било кој медиум да пуштиш вести, побитна тема за прилог е што кажал за Македонија заменикот на заменик државниот секретар на Америка, отколку дали и зошто нема струја. Зошто нема елементарно достоинствен живот. Албанскиот политички фактор не заборави на каузата, ама заборави на оној што треба да има ‘‘ три оброка дневно‘‘. Македонскиот не заборави на прашањето кој е предавник кој патриот, ама заборави на оној што умира дома зашто не може да купи лек кој не е на ‘‘позитивна листа‘‘. Албанците не заборавија на македонците и обратно, ама заборавија дека треба да градат здраво општество. Ма! Општество! Кој го ебе бе! Се е дефокус од правите и потребните теми и прашања. Еве, користам можност јавно да им се заблагодарам и на европејците и на бугарите што не одвлекуваат од вистинските прашања кои треба да си ги поставиме. А зошто би си ги поставиле. Убаво е вака! Зошто би се бавеле со државата? Таа си е тука, не бега! Ако се бавиме со неа и ако треба да ‘‘ си истребиме вошките у глава‘‘, ке се најдеме во незгодна ситуација да не знаеме што да правиме. Башка, НАТО ни ги чува границите. Спиј мирно, гладен и очаен народе. Не заслужуваш подобро.
ОООО … ЏЕМААТ…. Јебо те и ДУИ и СДСМ и ВМРО и АА,… јебо те и оној на вести, јебо те и див зајак ако те стигне. Зошто!? Не знам,.. онака ми дојде. ( респект на сериозни верници и постари луѓе, фразава е фигуративна).

(Avtorot e redoven kolumnist na vesnikot KOHA)