Фановите не ја препознаа: Како изгледала Лејди Гага како тинејџеркa

31

Денес е една од најпопуларните пејачки на светската музичка сцена, но во тинејџерските денови, Лејди Гага изгледала сосема различно.

Црно-белата фотографија на која таа има 13 години ги „запали“ социјалните мрежи и ги воодушеви нејзините обожаватели кои едвај ја препознаа. На сликата, американската ѕвезда позира со пријателката. Во тоа време, беше позната како Стефани Џоан Анџелина Германота.

Сепак, светлата на рефлекторите ја следат уште од детството. Таа често глумеше и пееше во училишните претстави, односно мјузикли.