„Фантомите“ ќе се евидентираат во посебен регистар

9

Лицата „Фантоми“ кои не се регистрирани никаде ќе бидат евидентирани во Посебен регистар и ќе ги уживаат сите права како граѓани на земјата. Ова ќе биде овозможено преку Предлог законот за неидентификувани лица во матичната книга, кој доби зелено светло од собраниската Комисија за европски прашања. Невладините организации, оценуваат дека бројот на „невидливи“ лица е многу поголем, достигнувајќи до 1.500.

„Овој закон е наменет за лица кои се неидентификувани во матичната книга, кои се наоѓаат врз основа на јавен повик. 700 лица се регистрирани во посебен електронски регистар и овој закон им дава четири права, право на образование, вработување, право на социјална заштита и здравствена заштита“, рече Мабера Камбери, Министерство за труд и социјална политика.