Фараж нема да се кандидира на британските избори во декмеври

34

Лондон, 4 ноември – Првиот човек на британската партија „Брегзит“, Најџел Фараж, нема да се кандидира на изборите во декември, туку ќе води кампања низ целата држава против договорот за „развод“, што премиерот Борис Џонсон го склучи со ЕУ.

-Многу долго размислував за ова: Како најдобро да му послужам на Брегзит?, рече Фараж  за Би-Би-Си.

-Треба ли да освојам застапничко место и да се обидам да влезам во парламентот или подобро ќе ми биде да патувам низ Обединетото Кралство и да поддржувам 600 кандидати, па одлучив дека вториот пристап е поисправен, додаде тој.

Фараж, жесток противник на ЕУ, годинава ја формираше партијата „Брегзит“ и уште во мај лесно освои мнозинство британски гласови на изборите за Европскиот Парламент

Претходно ја предводеше Партијата на британската независност (УКИП). Заканата дека партијата може да им украде гласови на конзервативците беше клучна за уверувањето на тогашниот британски конзервативен премиер Дејвид Камерон во 2016 година да го распише референдумот на кој Велика Британија одлучи да излезе од ЕУ.
Според последните анкети, во пресрет на изборите закажани за 12 декември, британските конзервативци водат во популарноста пред лабуристите со големи 12 отсто доверба кај гласачите, но земјата и натаму е многу поделена заради Брегзит, па исходот од изборите е се уште тешко предвидлив.
Гласачите кои се противат на Брегзит се расфрални во повеќе партии, додека Џонсон и торивеците имаат намера да привлечат што повеќе поддржувачи на идејата за излегување од ЕУ.

Партијата на Фарж во моментов располага со поддршка од седум до 13 отсто, по што тој инцираше создавање „Сојуз за излегување“, но конзервативците го отфрлија неговиот повик за изборен пакт.