Фајзер ја намалува испораката на вакцини во Европа

23

Фармацевтскиот гигант Фајзер привремено ќе ги намали испораките на вакцини во Европа, објави норвешкиот институт за јавно здравје (FHI).

Испораката ќе се намалува сѐ додека таа американска компанија не го зголеми производствениот капацитет. „Ова привремено намалување ќе влијае на сите европски земји“, се вели во соопштението на Институтот.

Од таму додаваат дека информацијата ја дознале денеска, нешто пред 10 часот, а тоа, оценуваат тие, е последица на производството во „Фајзер“, чија цел е да го зголеми капацитетот на две милијарди дози на вакцини годишно во споредба со сегашните 1,3 милијарди.

„Сè уште не е јасно колку време ќе потрае пред „Фајзер“ повторно да го достигне максималниот капацитет за производство“, наведуваат од норвешкиот институт.

https://scopism.com/siam-training/