ФЕД ГИ ЗГОЛЕМИ КАМАТНИТЕ СТАПКИ Американската економија забави, но не е во рецесија

0

Американската централна банка (ФЕД) ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,75 процентни поени, втор месец по ред, во посег од 2,25 до 2,50 отсто. На овој начин ФЕД се обидува да влијае на инфлацијата, која моментално е на највисоко ниво во последните 40 години, над 9 отсто.

Инвеститорите, пак, беа охрабрени од изјавата на претседателот на ФЕД Џероми Пауел кој рече дека во наредниот период веројатно ќе биде соодветно да се забави тоа темпо додека не се анализираат вкупните ефекти од прилагодувањето на политика на ФЕД врз економијата и инфлацијата.

Првиот човек на ФЕД рече дека американската економија забавува, но не е во рецесија, на што, меѓу другото, укажува и силниот пазар на труд.