ФЕНОМЕНОТ НА КАСТРО И ‘‘СТУПЦАТ‘‘

205

Не знам зошто ама во глава ми се врти еден скеч од познатите ‘‘Ступцат‘‘. Двојца браќа се делат и ставиле се пред себе. Од тањир до кашика, се дели све по принципот ‘‘ едно тебе – едно мене, братски‘‘. И така, останува на крај од една страна магарето, а од друга страна стариот татко. И тука настанува проблем, зашто ни едниот ни другиот не сакаат да го земат стариот татко, туку магарето. Така и на албанската политичка сцена. Никој не сака да го земе таткото а тоа е каузата и борбата за убав, достоинствен живот на албанецот во оваа држава, туку сака да го земе магарето затоа што од магарето има ќар

Од Агим ЈОНУЗ

Вистината е како проститутка. Секој ја повикува ама никој не ја сака. Не би живеел со неа. Тоа е игра во која на крај секој го гледа својот интерес. Човекот задоволството, а проститутката парите. Не знаеш кој кого повеќе влече за нос! Исто е и во политиката. Со тоа што најголематагрешка што ја прават луѓето е тоа што велат дека политиката е курва. Не! Со курвата имаш чист есап. Платиш и добиваш услуга. Во политиката и да платиш пак не знаеш како ке испадне на крај работата.

Кој кого влече за нос? Дали Европската Унија нас како држава или владејачката гарнитура народот со пораката дека само они може да не внесат во Европа. А, нас у Европа не може да не внесе ни Хазрети Хасан! Приказната дека ние имаме зрели политичари за влез во Европа е како приказната на рахметли Зекуле од бивша чаирска Слога ( сега Шкупи), кој умре завалијата зборејки дека Слога е најдобра екипа у свет! Нека се љути кој сака и колку сака, ама 95% од нашите политичари во однос на европските политички стандарди  се едно најобично ‘‘Зекуле‘‘! Ама, не се политичарите криви. Народот си добил политичари и политика каква гласал. Ех, мој народе, ех Зекуле над Зекулињата.

Кастриот Реџепи од Беса со надимак ‘‘Кастро‘‘ си поигра ‘‘коче‘‘ со цела политичка сцена. Тоа што доби ‘‘шут – карта‘‘ експресно од Беса не е толку битно, колку што покажа и докажа дека во демократијата се е возможно. Приказните дека се направил со своја воља и своја желба нека ги кажува на баба ми која е уште жива машаллах на 95 години. Мислам дека дури и она би му рекла ‘‘ синко ај не јади бурек со месо‘‘! На страна баба ми, ама Кастро на сите им даде една голема поука што се може да се случува на македонската политичка сцена. Не верувам дека во било која опозициона партија повеќе би имало место за еден Кастро. Никој не го натера, сам си ја потпиша картата за влез во политичката историја.

А, што во меѓувреме се случува на политичката сцена? Кога минатата колумна напишав дека ДУИ е ‘‘ Реал Мадрид‘‘ за останатите, сите рипнаа по мене велејки дека јас сум нивни симпатизер. Не! Јас само го кажувам тоа што се покажа како вистина. Можеби не победи, ама не изгуби. Мајсторијата на големите екипи е во тоа да ако не победат, барем да извлечат нерешено. А како го прават тоа е друга приказна. Секој тренер има свои тајни, па макар тоа биле и американците! Треба да ви цртам?

А, кога сме кај американците, една работа никако не можам да ја разберам. Ако албанците се генерално ‘‘во скутот‘‘ на американците, зошто тогаш тие би им помагале само на ДУИ!? Нели е малку специфично прашањето. Мислам дека го имам одговорот, иако сум сигурен дека повторно ке рипаат по мене дека го бранам ДУИ. Одговорот е едноставен. Дали е ДУИ криминогена, дали е милитантна, дали е ‘‘наничк‘с‘‘ партија, сепак е најзрела од сите. Сите останати албански политички партии се само бледа копија на ДУИ. Далеку од тоа дека во останатите албански партии нема паметни луѓе, туку моделот на политичка борба се темели искључиво на синтагмата ‘‘ ај да си оди Јонуз за да дојде Домуз‘‘! Па зарем е тоа политичка платформа која треба мене да ме однесе во Европа. За тоа дали ке ме однесат во Европа, има една албанска реченица ‘‘ по,.. несер н‘ Куманове‘‘! И ако почнеме сите поединечно да ги анализираме, Кастро ке испадне ‘‘мало дете‘‘ во споредбата со поединци од опозицијата кои глумат ‘‘знаеш ли кој сум јас бе ‘‘!

Секоја една држава во која односот на гласови во парламентот е во просек 50 : 50 е во сериозна нестабилност. Предноста на албанските опозициони партии во ситуација во која македонските си вадат очи меѓу себе, е во тоа што може да се ‘‘курваат‘‘ со своите гласови колку сакаат. Со самото тоа и да си обезбедуваат позиции во кои се среќни што имаат едно министерско место во некое полу- битно поле во општеството. Па како направи Беса на минатите парламентарни избори? Од една скоро мртва партија, направи преседан и се приклучи на СДСМ. Народот вели ‘‘ спаси газ‘‘ инаку беше пред распад. Се е пазар! За што? За кого? За албанска кауза!?! Длабоко се извинувам што употребувам простачки зборови, ама, тоа што сакам да го кажам нема алтернатива – ‘‘ ма дај не ме јеби у мозак‘‘!!!

Алтернатива и Алијанса не слушнав дека ‘‘немаат ѓунах‘‘ ( гревови  / алб) барем од нивното формирање до сега. Алијанса прво беше ‘‘опозиција на опозицијата‘‘ и додека не се одлепи од Мендух Тачи немаше мир. Стана актуелна собирајки ги симпатиите на оние кои сеуште веруваа во речникот на ‘‘ултра албанците‘‘. Истиот Зијадин Сеља со својот вокабулар беше ‘‘ултра Албанец‘‘, му се случи и линч во собрание, за да денеска седне со Мицковски и да прави ‘‘ сана-бана‘‘ есапи! Каде е логиката!?

Алтернатива што би рекол народ ‘‘до вчера‘‘ беше дел од Беса која се декларираше како движење кое никако не може да се откачи од про-исламистичкиот амбиент. Битката за тоа ‘‘ кој е кој и на кого каде му е местото‘‘ го растури движењето на кое не му помогна ниту религијата ниту политиката, туку камелеонското однесување на поединци. Што е тоа што таа политика му донесе добро на албанскиот народ освен некакво верување во еден политички парадокс на почетокот – Аллах е со нас! Алооо,… Аллах не го донесе рамковниот договор, туку крвта на оние ‘‘шехиди‘‘ на Шар Планина! А знаеме кој беше командантот!

Поентата на оваа колумна е феноменот ‘‘ Кастро‘‘ кој, како што реков си поигра ‘‘ коче‘‘ со целата политичка сцена. Одговорно тврдам, а мислам и дека тоа повторно ке се покаже, дека најмалку десет ‘‘Кастровци‘‘ спијат на седниците во парламентот. Прашање на време е само кога и за кои потреби ке излезат во прв план. Тоа што Кастриот Реџепи направи политички ‘‘ харикири‘‘ е негов личен проблем. Тој не е битен за политичкиот живот во државата. Битен е феноменот. А тој феномен спие во секој трет албански политичар во опозицијата која е дел од албанската популација.

Што стои пред нас на политичката сцена? Чиста математика! Бројки! Хесап на сметка на емоцијата на гласачкото тело. На овој народ на кој можеш да му продадеш каква сакаш приказна, се му е еднакво. На најголем дел од народот сеуште можеш да му ја продадеш приказната ‘‘ за бајракот‘‘. Полето да манипулираш е огромно. Војна нема, ама тоа не значи дека не можеш да ја лансираш приказната дека ‘‘ ке ја има секој момент‘‘! Поготово ако не ја следиш приказната што ти ја сервираат од страна на оние на кои им е по битна позицијата и власта од каузата за подобар живот и береќет.

Не знам зошто ама во глава ми се врти еден скеч од познатите ‘‘Ступцат‘‘. Двојца браќа се делат и ставиле се пред себе. Од тањир до кашика, се дели све по принципот ‘‘ едно тебе – едно мене, братски‘‘. И така, останува на крај од една страна магарето, а од друга страна стариот татко. И тука настанува проблем, зашто ни едниот ни другиот не сакаат да го земат стариот татко, туку магарето. Така и на албанската политичка сцена. Никој не сака да го земе таткото а тоа е каузата и борбата за убав, достоинствен живот на албанецот во оваа држава, туку сака да го земе магарето затоа што од магарето има ќар, а од таткото нема.

Сите ние сме како ‘‘Ступцат‘‘! Ние не сме навикнале на конструктивна демократија, туку на башибозук, зошто само во башибозукот секој еден залутан во политиката  може да испадне херој на денот. Се колнеме каузално во Албанија, која не сака ни да чуе за нас, или барем протоколарно праќа ‘‘ сељам до браќата‘‘. А ние сеуште не сме начисто дали е побитен таткото или магарето! За Европа сме магарето, ама не како ќар, туку како тема за смеење. Феноменот на ‘‘Ступцат‘‘ е нашата судбина! НЕЈСЕ,…

‘‘РИ РАХАТ ЏЕМААТ, КА ЕНЕ МА БЕТЕР‘‘!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)