Полицијата во Филаделфија соопшти дека се уапсени лицата кои се осомничени за убиство на 25-годишниот Милан Лончар кој во средата беше усмртен со истрел од пиштол додека го шеташе своето куче во Пенсилванија, пренесе РТС цитирајќи локални медиуми во САД.
Полицијата не ги соопшти имињата на осомничените, ниту нивниот број.
Милан Лончар беше убиен во средата додека го шетал својот миленик во американската сојузна држава Филаделфија, а полицијата претходно соопшти дека му пришле двајца мажи од кои еден вперил пиштол во него.