Филипче за свадбата на функционер надвор од нашата земја: Го осудувам тој чин, ние функционерите треба да бидеме пример за почитување на мерките

37

Венко Филипче со реакција околу свадбата на еден функционер викендов кој се реши да ја прави надвор од нашата земја. Станува збор за градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ кој правеше свадба во Косово.

Филипче го осуди тој потег, и рече дека иако е направена надвор од нашата земја, односно не се прекршени протоколите во Македонија, функционерите треба да бидат пример и први кои ќе ги почитуваат мерките.

„Не е работата тоа што не се прекршени препораките за ковид во нашата земја, затоа што веселбата е направена надвор, но ние функционерите треба да покажеме како се почитуваат мерките.

Посебно што цело време апелираме кон граѓаните и ги учиме. Апсолутно го осудувам тој чин. Не мора за се да имаме можност за санкционарање, но треба и функционерите да бидат свесни дека треба да се првите кои ги почитуваат мерките“, рече Филипче.