Филипче: Мораме да го заштитиме здравствениот систем!

Со зголемувањето на бројот на заразени од корона вирусот, доаѓа до отежнување на здравствениот систем во Северна Македонија.

4

Министерот за здравство, Венко Филипче порача дека мораме да го заштитиме здравствениот систем.

„Целиот фокус овие денови го насочивме кон клиничкиот дел и менаџментот на пациенти во периодот кој што е пред нас. Во оваа фаза мора да се организираме и да се подготвиме за целосно амортизирање на напливот на пациенти преку мобилизирација на сите расположливи ресурси. Мораме и можеме да го заштитиме здравствениот систем“, истакна тој.