Филипче: нема нови случаи на коронавирус во Македонија

8

Нема нови случаи на лица позитивни на коронавирус во земјава. Во моментов се чекаат резултати од тестирање на едно лице кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица. Тој поради покачена температура се јавил во соодветна здравствена установа каде му се направени тестови за присуство на коронавирус, соопшти утрово на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Засега единствен случај на лице заразено со коронавирисот останува веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот Ковид-19. Пациентката, рече Филипче, се чувствува добро, и според лекарите веќе влегува во фаза на оздравување.Министерот информира дека 12 лица, од кои две деца, кои биле во контакт со оваа пациентка, се уште во домашна изолација.

Останува во сила препораката компаниите и институциите да не им дозволуваат на оние вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа зашто тие прво мора да минат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот, како и препораката да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба