Филипче одговори дали и кога ќе пие кафе со својата најголема обожавателка Лиде Лиде (видео)
Таа стана позната во јавноста преку коментарите на прес конференциите на министерот преку кои постојано го канеше на кафе и разговор.
Водителот кон крајот на емисијата го праша министерот: „Ваша гледачка на пресконференции со име Лиде Лиде постојано ве кани на кафе. Дали ќе пиете кафе со неа?“.
„Еве, веднаш штом ќе помине кризата. Да, ќе пијам“ – изјави Филипче низ насмевка во вчерашното интервју на „ТВ 21“.