Филипче: Се очекува есенски бран! Ако биде нужно повторно ќе се воведат ограничувањата

34

Се анализираат нови мерки за спречување на понатамошно ширење на корона вирусот, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Како што кажа тој, бројките на новодијагностицирани случаи насекаде во регионот, но и низ Европа е во пораст и оти со доаѓањето на есента се зголемуваат и ризиците за пренос на вирусот.

„Наша цел и стратегија е навремено воведување на мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширењето на вирусот. Целта е да се избегнат евентуални рестрикции на движењето или мерки коишто повторно би ја закочиле економијата и целосно би не затвориле во нашите домови, но ако биде нужно секако дека ќе го направиме“, рече Филипче.

Детали за новите мерки министерот најави за следните денови, но откри дека веројатно ќе се донесе одлука за задолжително носење маски и на отворено, дека ќе се ограничи бројот на гости по маси во угостителските објекти, засилена контрола и казни за семејни прослави, како и евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз.