Филипче: Следната недела согласно бројките на новозаразени ќе одлучиме дали ќе има полициски час за Велигден

11

Министерот за здравство, Венко Филипче, во вчерашното гостување во „Сител“ зборуваше за состојбата со коронавирусот во земјава.

Филипче изјави дека притисокот врз здравствениот систем во земјава спласнува, но дека поради природата на самата болест нема многу простор за опуштање.

На прашањето дали ќе има нови рестриктивни мерки и продолжување на полицискиот час за претстојните верски празници, министерот одговори дека одлуката ќе се носи наредната седмица.

„Веќе на почеток на оваа недела најавивме дека ако продолжат овие трендови угостителските објекти ќе може да се вратат во функција, под посебни услови, да се скрати полицискиот час за 1 час, а во текот на следната недела повторно, согласно бројките, согласно притисокот за прием на пациенти кон болниците, да одлучуваме како и какви мерки ќе носиме понатаму“, изјави Филипче.

Министерот нагласи дека состојбата со коронавирусот во земјава се стабилизира и дека се намалува притисокот врз болниците, иако голем дел од одделенијата кои што примаат ковид пациенти не се целосно ослободени.