Филипче: Состојбата со Ковид-19 се влошува

81

Состојбата кај нас како и секаде во светот, со крајот на летото се влошува. Велика Британија, Чешка, Франција, Шкотска, Израел, планираат да ги заострат мерките. Франција ги заострува мерките, меѓудругото ќе забрани и посети меѓу домаќинствата. Тоа е она што го најавувавме, дека септември ќе биде почеток на нов бран, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција .

Според анализите на Комисијата за заразни болести до 19 септември најголем број заболени има во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, а Штип е со најголема инциденца.

Најприсутен е вирусот кај возрасната група од 30-39 години, што значи ги напаѓа и помладите и поздрави луѓе.

Според министерот, епидемиолошката состојба последните денови се вложува, а главна причина е непочитувањето на мерките.

– Главна причина се должи на непочитување на мерките на семејни собири, дружења и средби – рече Филипче.

Според него недозволиво е непочитување на мерките од сите, особено од бизнисите и угостителските мерки.

Се размислува за воведување нови мерки, но мерки со кои ќе се избегнат затворања и карантини. Дел од мерките кои се разгледуваат се и носење маски и на отворено, ограничување бројот на лица на маси во угостителски објекти, забрана за семејни веселби во затворено, прецизни протоколи за работа на угостителските објекти и на јавниот превоз.