Филипче: Утре се пушта сајтот преку кој ќе се врши пријавување за вакцинација

29

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, по обиколка на поликлиниката Бит Пазар каде се сместени фрижидерите каде ќе се складираат вакцините, посочи дека од утре ќе биде пуштен сајтот преку кој граѓаните ќе може да се пријават за вакцинација.

„Ќе може да се пријави буквално секој за вакцинација, а системот автоматски ќе ги генерира приоритетните“, рече Филипче.