Фиорентина даде зелено светло: Влаховиќ во Мадрид за 70 милиони

14

Шпанските и италијански медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид е на добар пат да го комплетира трансферот на Душан Влаховиќ од Фиорентина.

Влаховиќ блесна минатата сезона во Фиренца и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Атлетико ја победи конкуренцијата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „јорганџиите“ понудиле 70 милиони евра за потписот на Влаховиќ, а Фиорентина ја прифатила понудата.

21-годишниот голгетер сака да ја промени средината и да игра во Лигата на шампиони, па брзо се договори со Атлетико за 5-годишна соработка.

Со овој тансфер Влаховиќ станува најскапиот Србин во историјата, досега тоа беше Лука Јовиќ кој пред две години од Ајнтрахт Франкфурт се пресели во Реал Мадрид за 63 милиони евра.