Фон дер Лајен: Макрон и ја отвора на Русија вратата од Западен Балкан

8

Претседателката на Европска Унија, Урсула фон дер Лајен изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон и ја отвора на Русија вратата од Западен Балкан со тоа што го блокираше отпочнувањето преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија и на Албанија.

Како што денеска објави британскиот весник „Експрес“ Фон дер Лајен во говорот по повод одбележувањето на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид истакна дека се што Европа побарала Северна Македонија и Албанија исполниле.

– Сега треба да го одржиме ветувањето и да отпочнеме преговори за пристапување, Фон дер Лајен.

Таа додаде дека ако ЕУ не ја отвори перспективата за земјите од Западен Балкан, други ќе ја пополнат празнината, како Кина, Русија, Турција или Саудиска Арабија.

На неодамнешниот состанок во Европскиот совет Макрон беше единствениот европски лидер што ги блокираше преговорите со Република Северна Македонија и со Албанија. Тој успеа да ги убеди Холандија и Данска да се спротивстават на отпочнувањето преговори со Албанија.