Фон дер Лејен: Мора да одржуваме слободен проток на стока низ цела Европа

11

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, објави денеска дека Комисијата ќе издаде упатства до владите на земјите-членки за координирање на мерките на границите.

„Илјадници возачи на камиони и автобуси се блокирани на внатрешните граници, што создава нови здравствени ризици и го блокираат синџирот на снабдување. Мора да одржуваме слободен проток на стока низ цела Европа. Ако не реагираме сега, продавниците ќе имаат потешкотии да се снабдуваат од единствениот пазар”, предупреди фон дер Лејен во видео порака објавена на „Твитер“.

Полска, Чешка, Германија и Данска веќе ги затворија своите граници со соседните земји, а тоа го најавија и Естонија и Литванија.