Фотографија на денот: Протести на Лезбос – „Сакаме слобода, ве молиме помогнете ни“

64

Ова дете на нашата #ФотографијаНаДенот носи плакат од картон на којшто пишува „Сакаме слобода! Ве молиме помогнете ни!“. Бегалците го напуштија преполниот бегалски камп Морија и скандирајќи „Слобода!“ тргнаа во главниот град на островот, Митилини. По неколку барања на полицијата да се вратат назад во кампот, припадниците на полициските сили употребија солзавец.

Вечерта имаше протести и на жителите на селото Морија против „неподносливите услови во нивното село“. Според изјави на селаните, млади мигранти речиси секојдневно прават проблеми, има кражби и друг вид ситен криминал. Селаните бараат преместување на бегалците од островот.

Кампот Морија има капацитет за 2840 лѓуе, а во него се сместени повеќе од 19.000 лица, меѓу кои и многу малолетници.