Фотографија на денот: Русите прифатија уставни промени

5

На референдумот засенет со обвинувања за манипулации, граѓаните на Русија го прифатија новиот Устав.

Според податоци на Централната изборна комисија, по пребројувањето на 85% од гласачките ливчиња, 78% од избирачите гласале „за“ нов Устав, кој на 67-годишниот шеф на Кремљ, Владимир Путин, би му овозможил останување на власт до 2036 година. Првите резултати од гласањето беа објавени уште додека гласањето не беше завршено насекаде. Одзивот на гласачите беше околу 65%. Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, резултатите ги нарече „огромна лага“. Можноста Путин да владее уште 16 години не им се допаѓа и на многу други граѓани. Оваа жена, која вчера во Москва учествуваше на протестите против уставни промени, носи плакат на кој стои: „Долу царот!“