Кога видела каде Бред Пит ја одвел својата нова девојка манекенката Никол, Анџелина Џоли искршила се по дома. Холивудската ѕвезда посебно се налутила поради една фотка.
Нова расправија меѓу поранешните сопружници хголивудските актери Бред Пит и Анџелина Џоли.
Фотографија во костим за капење на манекенката Никол Потуралски ги воодушеви мажите, но предизвика голем револт кај поранешната на Бред, Анџелина Џоли.
Имено, Анџелина Џоли многу му се налутила на Бред поради неговата одлука својата нова девојка 27 годишната Никол да ја однесе во Франција на местото на кое тие пред шест години се венчале.
Никол и Бред минатиот месец отпатувале во Шато Миравал во Франција каде актерот веќе неколку години произведува розе вино кое се продава по цена од 390 долари .
„Анџелина е бесна и лута поради тоа што Бред се спуштил толку ниско“, изјавил извор блиизок на Анџелина.