Фото: Бејрут од дрон по разорната експлозија

431

Денеска е ден на национална жалост во Либан за жртвите од големите експлозии што вчера разорија поголем дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанската престолнина.

Според последните информации, загинаа повеќе од 100 луѓе, додека околу 4.000 се повредени.

Либанскиот премиер Хасан Диаб изјави дека „неприфатливо е товарот на амониум нитрат, проценет на 2.750 тони, да се чува складиран шест години, без никаков надзор“, рече тој, додавајќи: „Ви ветувам дека оваа катастрофа нема да помине без одговорност. Одговорните ќе ја платат цената“, рече Диаб во телевизиското обраќање.