ФОТО| Бизарна сцена: Претседателот на Чешка во стаклена кутија

4

Чешкиот претседател Милош Земан го именуваше Петра Фиала за нов премиер. Тоа само по себе можеби не е новост, бидејќи со недели се знае дека има мнозинство за формирање нова влада.

Но, она што привлече внимание, беше тоа што за време на именувањео на Фиала, Земан биил заштитен во акрилна стаклена кутија, која му ја донеле здравствените работници облечени во заштитни одела.

Невообичаената, а по малку и бизарна сцена е резултат на фактот што 77-годишниот претседател на Чешка заболел од ковид.

Земан, кој со недели беше во болница поради болест која нема никаква врска со ковид, минатата недела беше тестиран за коронавирус и резултатот се покажа како позитивен.

Земан во моментов престојува во Претседателскиот дом во Ланија, западно од главниот град Прага, каде што се одржа церемонијата на потпишување.

Фиала, како и сите присутни, носеше маска додека Земан седеше во стаклена кутија направена специјално за таа пригода.

Новиот премиер Фиала е претседател на десноцентристичката партија ОДС. Тој ја предводи коалицијата од пет политички партии, кои победија на парламентарните избори минатиот месец. Набргу по објавувањето на резултатите, потпишан е меморандум за формирање влада, со кој се смени популистичкиот премиер Андреј Бабиш.