Фото: Во Србија пристигнаа нови дози од вакцината „Спутник V“

40

Српските медиуми инфомираат дека утрово на аеродромот во Белград пристигнале нови количини на руската вакцина против корона вирусот „Спутник V“.

Новите 40 000 дози на вакцини стигнале утринава околу 6 часот, на аеродромот Никола тесла во Белград вакцините ги дочекал министерот за иновации во српската влада Ненад Поповиќ.

Со новите дози на руската вакцина „Спутник V“ ќе бидат вакцинирани 20 000 граѓани.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вчера најавила дека во понеделник во земјата ќе пристигнат и нови количини од вакцината „Фајзер“.