ФОТО: Камион се преврте меѓу кабините на патарината на автопатот Миладиновци – Штип

6

Утрово на автопатот Миладиновци – Штип камион кој превезувал брашно влетал во кабината за наплата на новата патарина пред Штип, објави Сител.

Според фотографиите од социјалните мрежи камионот удрил и се превртел меѓу два наплатни пунктови.

За среќа возачот не е повреден во оваа сообраќајка на наплатната рампа кај Кадрифаково, соопштија од СВР Штип.