ФОТО: Кристијано Роналдо и коронавирус, се е ок!

14

Вчера сите светски угледни медиуми објавија дека Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус, односно Ковид 19. Тој играше за репрезентацијата против Франција, а потоа во пресрет на следниот натпревар против Шведска, кој се игра вечерва беше повторно тестиран. Тестот беше позитивен.

Сега, тој се наоѓа во изолација, но медиумите успеаја да го фотографираат додека се „сонча“ на тераса. Видно е расположението кај него, а со гестикулацијата со рацете покажа дека се е ОК. Нема симптоми и неговата здравствена состојба е добра.