ФОТО: На „Скендербег“ положени венци за оддавање почит на загинатите во автобуската трагедија

7

На плоштадот „Скендербег“ веќе се започна со положување венци, а наскоро се очекува да бидат донесени посмртните останки на загинатите во автобуската трагедија.

Граѓаните што сакаат да им оддадат почит на загинатите ќе можат да го сторат тоа овде, а од Министерството за надворешни работи од претходно известија дека на барање на семејствата на загинатите откажана е поворката која требаше да помине низ главниот град.

Предвидено е церемонијата околу транспортот на телата на скопскиот аеродром да почне во 10:55 часот, а можно е и извесно пролонгирање на слетувањето на авионите поради временските услови.

Ќе присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на исламската верска заедница.

Големата автобуска несреќа во која животот го загубија 45 македонски државјани се случи на 23 ноември на патот „Струма“ во близина на градот Перник, Бугарија.

ФОТО: 360 Степени